Свет

Расчистување на највисоката депонија на светот

Додека другите ќе се борат да го освојат 8.848 метри високиот врв, 16-те членови на Еко Еверест експедицијата ќе го собираат ѓубрето од планината.

Контејнери полни Ферари

Со помош на GPS, рент-а-кар компанија успеа да ја најде локацијата на украденото Ферари... на брод за Хонг Конг.

Најголемите лото губитници

Додека Американците чекаат да се појават добитниците на рекордниот џек-пот, некои поранешни инстант милионери се доказ дека и по ова пак се не оди како што треба.

Никси ја наместија публиката?

Џереми Лин уште на 26-ти март направил MRI снимка и дознал дека има скинат менискус. Никси ова го објавија дури на 1-ви април. Њујорк дејли мисли дека има зошто.

Се сеќавате на #Occupy?

Шест месеци откако успеа да го сврти вниманието на целата јавност на прашањата за економска еднаквост, движењето Occupy едвај да е видливо на јавната сцена. Тоа веќе не е производ околу кој се штанцаат вести а активистите дремат по судови.

Броевите во земјата на Чико

Мексиканската текстилна малопродажба годишно губи 4 милијарди долари заради честото враќање на купената облека. Зошто се враќа? Мексиканското просечно тело (мало и набиено) никако да се спастри во стандардните големини па сега таму ќе се прават свои стандарди.

Додека ние турираме во место

Не Амстердам туку Копенхаген во последно време важи за град во кој велосипедистите можат да се чувствуваат како дома. Педантните Данци пресметале и фактичка вредност на убавата навика. Да педалат Американците колку нив, САД би добиле 17 милијарди годишно.

Сталин и мачо култот

За разлика од интелектуалците Социјалисти, Болшевиците во нивните чизми и кожни јакни проектираа "аура на мажественост и решителност," објаснува историчарот Јерк Баберовски, во неговата нова книга за Сталин.

Доаѓа петок а може да е и 13-ти

Два милиона Арапи планираат во петок да тргнат кон границите на Израел. Се пријавиле волонтери од 80 земји. На своите соседи, Израел веќе им пушти предупредување да не си играат со оган. Последен пат кога Израел процени дека Арапите ќе тргнат на Ерусалим, нападна прв и настана војна.

За ова ли се боревте?

Египетскиот суд ја поддржа одлуката за забрана на интернет порнографија во земјата.

Ромни и викендицата по мерак

Една од темите која се провлекува низ предизборната кампања на Ромни се парите, поточно неговите пари. Тој посебно треба да се објаснува за вилата што планира да ја реновира.

Животот е краток ама пензијата долга

Благословот " Да е живо и здраво и 100 години да живее" ќе му се оствари на секое трето бебе кое годинава ќе се роди во Велика Британија. А бидејќи долг живот всушност значи долга старост, пензиските фондови ги фаќа блага паника.

Или си или не си... астронаут

Републиканците поднесоа тужба против демократски кандидат за конгресмен, заради тоа што се претставувал како астронаут. Проблем: човекот навистина бил астронаут.

Вреди ли уште диплома од Европа?

Оние кои бараат работа во државите од ЕУ допрва ги чекаат тешки години, предвидува надлежната агенција. Бавниот раст на нови работни места особено тешко ќе ја погоди образуваната младина а сè повеќе луѓе се сомневаат дека инвестирањето во образованието ќе им се исплати.

Цело MI-5 ќе ја обезбедува Олимпијадата

Олимпијадата во Лондон полека се претвора во најголемата безбедносна операција во Англија од Втората светска војна до денес.

Девојчињата во штикли

Кога имаш 12 години и живееш на Сибир нема многу работи кои не би ги направила за да "избегаш" од таму.

Барак О бла-бла ма

Еден дански тв автор и водител најпрописно го избламира американскиот претседател покажувајќи како тој на сите светски државници им ги вергла истите (ама буквално истите!) фори и метафори. И после во нивните земји се палат како Обама им порачал ова или она. Мајсторски сработено!

Нешто е труло во лотаријата данска

Неделава околу 300 Данци станаа милијардери освојувајќи го џекпотот на државната лотарија. Е сега...

Команда: delete!

Цели 6 дена и беа потребни на американската армија за да се реши да го објави името на војникот кој пред неколку недели уби 16 недолжни цивили во Афганистан. Што правеле во тоа време? Пробувале да го избришат од интернет.

На Европа ѝ фалат јајца

Забраната за извоз на јајца од несилки одгледувани во кафези предизвикува сериозни проблеми во европската прехрамбена индустрија а цената на јајцата достигнува рекордни висини.

Горбачов во поход

На 82 години Михаил Горбачов има нова амбиција во животот со две клучни точки: 1. партија, 2. симнување на Путин од власта.

Долга е раката на Британецот

Иако Фолкландските острови од Лондон се оддалечени речиси 13 илјади километри (!), Британците повторно би се тепале за нив. По секоја цена!

Бродот што Гадафи не го дочека

Четвртиот син на Гадафи, Ханибал, е крајно разочаран од револуцијата во земјата, која меѓу другите работи го спречи човекот да купи брод со базен за ајкули.

Таблици поскапи од автомобил

Властите на Шангај имаа проблем со огромниот број на нови автомобили. Сега граѓаните имаат проблем со ограничениот број на таблици.