Документарецот "Girl Model" го следи модниот скаут Ешли Арбо и нејзината потрага по нови манекенки во Сибир.
Ешли бара девојки кои се подготвени да работат без здравствено осигурување и да бидат платени со брендирана облека.
Во филмот, девојчиња на 12 - 13 години гладуваат за да ја одржат линијата и по цели денови одат на високи штикли за да бидат подготвени за следниот кастинг. Авторите тврдат дека голем дел од девојките се на кокаин или друга дрога, а се согласуваат и на секс, само за да осигураат нов договор.
За многу од девојките и ова не помага, па тие најчесто заглавуваат во долгови и се враќаат дома со помалку пари отколку што имале на почеток.
Таква е и приказната на 13-годишната Надја Вал која во намера да се прослави и да заработи некоја пара за своето семејство, од село во Сибир заминува за Токио.
Во филмот има повеќе потресни сцени, во кои Надја без престан плаче додека разговара на телефон со своето семејство. И покрај големиот број на фотографии што ќе ги сними, таа не се појавува на ниту една насловна страна на познато списание.
Дури по некое време успева да наговори еден уредник на списание да ги објави нејзинтие фотографии, но сепак тоа не и е никаков гарант за успех.
Самата Ешли Арбо објаснува дека од година во година модните агенции ја намалуваат возраста на манекенките што ги ангажираат.