Danske Spil им испрати меил на 300 Данци во кои им честита дека се добитници на речиси 5 милијарди долари.
Славата на новите милијардери била бескрупулозно прекината од портпаролот на лотаријата, кој објавил дека целата работа е грешка.
"300 играчи кои ја освоија лотаријата добија меил во кој беа известени дека добиле милијарди. Секако многу ни е жал за ова. Моравме да им пишеме која е сумата што навистина ја освоија," изјавил портпаролот на данската лотарија.
Се уште нема објаснување што е причината за збрката.