Ромни и викендицата по мерак

Една од темите која се провлекува низ предизборната кампања на Ромни се парите, поточно неговите пари. Тој посебно треба да се објаснува за вилата што планира да ја реновира.

Вилата на Ромни во близината на Сан Диего се појавува секој пат кога од неговиот изборен штаб ќе се обидат да го претстават како просечен Американец или да го доближат до просечниот гласач.

Галамата околу вилата се должи на грандиозноста на плановите за "мало проширување".

Ромни во својот дом ќе има подрум од 340 метри квадратни, што е повеќе површина од основата на сегашната вила. Во куќата ќе биде вграден и лифт за автомобили, кој ќе може да ги транспортира колите од гаражата до некој од катовите. Гаражата ќе собира 4 автомобили.

Новата вила треба да има вкупно 1022 квадрати, речиси четири пати повеќе од сегашната големина на куќата.

Ромни сега поседува 3 куќи. Една викендица во Њу Хемпшир, нивниот главен дом во Бостон и вилата во близина на Сан Диего. Неодамна Ромни ја продаде куќата во Масачусетс од 600 метри квадратни за 3,5 милиони долари и викендицата на планина во Јута од 880 метри квадратни за 5,25 милиони долари.

Инаку, за изградбата на куќата Ромни има ангажирано и лобист кој треба да ги протурка градежните планови кај локалните власти.

 

28 март 2012 - 09:55