Броевите во земјата на Чико

Мексиканската текстилна малопродажба годишно губи 4 милијарди долари заради честото враќање на купената облека. Зошто се враќа? Мексиканското просечно тело (мало и набиено) никако да се спастри во стандардните големини па сега таму ќе се прават свои стандарди.

Просечната Мексиканка на возраст од 18 до 25 години е висока 157 сантиметри а тежи 63 килограми. Додека мажите на иста возраст во просек се повисоки за 8 сантиметри (околу 164) и тежат 77 килограми.

Иако формите на телото варирале низ земјата, жените од северот генерално биле најниски, оние од централниот дел биле најтешки, со исклучок на жените од регионот Бахио кои се најслаби во целата земја.

"Многу продавници немаат големини што одговараат на Мексиканци. Пантолоните на некои брендови најчесто се премногу долги, со струкови по европска или американска мерка, кои се премногу мали за овој пазар," изјавила Карлота Де ла Вега, претставничката на Fashion Group International во Мексико.

 

30 март 2012 - 19:24