Добро упатени извори во Пентагон кои инсистирале на својата анонимност, тврдат дека армијата направила сè за да ги избрише сите интернет траги на Роберт Бејлс и неговото семејство.
Велат дека тоа го правеле само за да се заштити семејството кое во моменто се наоѓа на непозната локација.
Бил избришан блогот на неговата сопруга, сите фотографии, видео снимки и спомнувања на Бејлс.
Се разбира - не успеале, бидејќи дури и за американската армија тоа е невозможна мисија поради кеширање на интернет материјалот.
Иако Пентагон тврди дека тие 6 дена се обидувале да го заштитат семејството, во 2009-та година не се двоумеа ни миг да го објават името на мајорот кој уби 13 луѓе во Форт Худ, во Тексас.
Мајорот се презиваше Хасан.