Цело MI-5 ќе ја обезбедува Олимпијадата

Олимпијадата во Лондон полека се претвора во најголемата безбедносна операција во Англија од Втората светска војна до денес.

Речиси сите 3.800 агенти на MI-5 ќе бидат ангажирани на обезбедувањето на Олимпијадата. За време на игрите ќе бидат ограничени дозволите за годишен одмор, а оние агенти кои работат на контра разузнавање ќе бидат префрлени на должности поврзани со тероризмот.

За време на Олимпијадата во јули и август во Лондон се очекуваат над 540.000 посетители и 120 шефови на држави.

Инаку, оригиналната пресметка дека за обезбедување на Олимпијадата ќе бидат потребни околу 10.000 лица, сега е ревидирана и крената на 20.000. Со ова и трошоците за обезбедување со променија од 600 милиони фунти на една милијарда.

Освен агентите на Сектор 5, во обезбедувањето ќе бидат вклучени и 13.500 војници и армиски персонал, што е 4.000 повеќе од бројот на војници што Британија го има во Авганистан.

Освен тоа, околу Лондон ќе бидат распоредени еден носач на хеликоптери, еден воен брод, проектили земја - воздух и една единица на САС.

26 март 2012 - 14:28