Доаѓа петок а може да е и 13-ти

Два милиона Арапи планираат во петок да тргнат кон границите на Израел. Се пријавиле волонтери од 80 земји. На своите соседи, Израел веќе им пушти предупредување да не си играат со оган. Последен пат кога Израел процени дека Арапите ќе тргнат на Ерусалим, нападна прв и настана војна.

Целта на најавениот "Глобален марш кон Ерусалим" е да се истакне арапскиот карактер на овој град, велат организаторите. Кон границите на Израел ќе се маршира од сите соседни земји и се очекува да се појават над два милиона луѓе. Планирани се бројни активности: Јордан и Либан ќе организираат одење кон границите а Египет прави маратон на солидарноста. Во организацијата земале учество над 700 институции од 64 земји а дента се планирани протести и пред амбасадите на Израел во европските држави.

Организаторите потенцираат дека манифестацијата има мирољубив карактер а се поклопува со денот кога Арапите од Израел го обележуваат денот кога нивната територија била конфискувана.

Но, постојат и далеку поамбициозни учесници кои самиот марш не ги задоволува па отворено бараат оваа прилика да се искористи "Ерусалим веднаш да биде ослободен". Други пак, бараат ваквата арапска солидарност да се прелее и во Ирак и Судан.

Директно или индиректно, Тел Авив испрати предупредување до Сирија, Јордан, Либан, владата на Хамас и палестинските власти да не дозволат ескалација на ситуацијата и конфликт до кој ќе дојде ако некој реши да ја мине границата.

Истовремено, одбранбените сили на Израел се подготвуваат за сите сценарија. "Минимум жртви но одбрана на суверенитетот," гласи официјалното упатство за израелските војници кои се распоредени на границата. Обезбедени се и неколку батаљони како нивна поддршка.

За 6-те дена во 1967-ма година -  тука.

 

28 март 2012 - 18:23