Најголемите лото губитници

Додека Американците чекаат да се појават добитниците на рекордниот џек-пот, некои поранешни инстант милионери се доказ дека и по ова пак се не оди како што треба.

- Џек Витакер: Во 2002-ра освои 315 милиони долари. Од тогаш, му беа украдени 545 илјади долари во стриптиз бар. Внуката и нејзината ќерка беа најдени мртви, а Витакер доби тужба од казино од Атлантик Сити за издавање не валидни чекови во вредност од 1,5 милиони долари.

- Хуан Родригез - во 2004-та заработуваше 30.000 долари годишно, кога го доби бонусот од 149 милиони. Кратко откако се реши да оди на цела исплата од 88 милиони долари, неговата сопруга побара развод и доби половина од оваа сума.

- Фред Топус - освои 57 милиони долари во 2008-ма. Реши да оди на еднократна исплата од 33 милиони долари. Ништо од ова не го менува фактот дека тој во 2006-та излезе од затвор и дека до 2024-та треба да се пријавува како сексуален престапник.

Били Боб Харел - во 1997-ма, доби 31 милион долари на лотаријата во Тексас. 20 месеци подоцна, се разведе со жена му, на 5-6 роднини им купи нови куќи и се самоуби со сачмарка.

Џефри Дапиер - Џефри и сопругата во 1996-та освоија 20 милиони долари. Парите ги искористија за да им купат куќи на роднините и за да отворат продавница за пуканки во Флорида. 9 години подоцна, Џефри беше киднапиран и убиен од балдзата и нејзиниот дечко.

4 април 2012 - 14:08