Доколку не излегоа сликите со пиштолот, веројатно целата посета на Париз за Пипа ќе завршеше со неколку фотографии пред и по забавата за 30-от роденден на Vicomte Arthur de Soultrait, сопственик на Vicomte A.
За жал на Пипа, целата работа сега влезе во втора фаза, откако таблоидите ги открија стотиците фотографии од забавата објавени на Фејсбук страната на Vicomite A.
Првиот впечаток што се добива од фотографиите е дека се работи за разуздана забава, надополнета со ароганција и немање осет за реалноста.
Низ целиот локал има дузина џуџиња, што го надополнува впечатокот за разузданоста на забавата на која присуствува инаку прибраната и скромна сестра на Кејт.
Една од сликите кои за Пипа ќе треба да се објаснува, е групната фотографија со неколку жени кои стојат околу славеникот, кој пак има околувратник за куче што го влече една од девојките.
Настрана сликите, францускиот таблоид Гала, објави видео во кое стриптизета излегува од торта, додека во позадина свири "God Save the Queen."