Каубоецот го исплати Индијанецот

Заради лошо управување со природните ресурси во владина сопственост, американските власти ќе им исплатат оштета од над 1 милијарда долари на индијанските племиња.

Главен виновник за ова е Министерството за финансии и внатрешни работи, кои во последните 100 години не успеало на адекватен начин да ги надгледува концесиите над индијанските земји кои ги добиле компаниите.

Од 56-те милиони хектари индијанска земја со кои управува, Министерството успеало да надгледува само 100.000.

"Оваа спогодба чесно го решава историското незадоволство заради управувањето со племенските фондови, земјиштата и другите не монетарни фондови кои предолго се извор на судири повеќе индијанските племиња и Соединетите држави," порачал јавниот обвинител Ерик Холдер.

Оштетата ќе биде поделена меѓу 41 племе, а кој колку ќе добие, ќе биде пресметано со формула која во предвид зема колку од племенската земја и паричните фондови се контролирани од владата. Најголем ќар ќе имаат племињата кои имале гасна и нафтена концесија.

17 април 2012 - 17:32