Ле Монд побарал од своите читатели да испратат писма колку "им е одбивен одржливиот начин на живот." Добил преполно сандаче мејлови.
Во основа, читателите се жалеле дека се чувствуваат како измамени кога им продаваат зелените производи. "Сијалици што трошат помалку енергија, 7 евра. Траење: пократко од обичните сијалици, плус може да содржат токсични агенси," пишал 43-годишниот Кристоф, кој смета дека веројатно е поевтино и по еколошки да не ги купува.
Други сметаат дека тоа што Франција се труди да го направи со еколошките производи е поништено од загадувањето на големите индустрии на САД, Кина и Русија.
Ставот на читателите на Ле Монд, е поддржан и од испитувањата на институтот Ипсос, кои покажале дека 45% од луѓето веруваат дека "премногу се прави за климатските промени." Во 2008-ма, оваа бројка изнесувала 33%.
"Зелената замореност" прв пат се појавила во 2009-та. по Конференцијата за Климатски промени на О.Н. која не донесе многу промени. По ова, се раѓа сомнежот дека станува збор за завера на компаниите за да се натераат луѓето да купуваат зелени производи.
Од институтот Ипсос, објаснуваат дека "замореноста" е само тренд, бидејќи во време на економска криза, луѓето се фокусирани на грижа за себе, а не за планетата.