Идејата на Министерството за Земјоделство на САД, е целата контрола над пилешкото да им биде оставена на самите производители, и со тоа да заштеди околу 85 милиони долари во следните 3 години.
Со новите правила компаниите ќе можат да ја забрзаат производната лента на 175 птици во минута, со тоа што само на крајот на лентата ќе има еден инспектор. До сега, производните ленти беа прегледувани од тројца инспектори, што ја ограничуваше брзината на 90 птици во минута. Ова на производителите на пилешко ќе им заштеди повеќе од 250 милиони долари годишно.
Организациите за следење на индустријата се вџашени од одлуката, тврдејќи дека не може на компаниите да им биде доверено самите себе да се контролираат. Тие тврдат дека компаниите и сега постојано вршат притисок на своите работници за забрзување на процесот, што не дозволува детална проверка за загадување, тумори или докази за какви било болест кај живината.