За само 25 евра, добивате тура од два до три часа (во зависност од сообраќајот), која ги обиколува сите локации во Прага, на кои најчесто се исплаќало мито.
Туристичкиот водич ги посочува локациите поврзани со корупцијата, и ги наведува случаите кои таму биле откриени.
Инспирација за турата е последниот извештај за корупција на Транспаренси Интернешнел, според кој Чешка го делеше 57-то место во светот, со Намибија.
на истата листа во 2011-та Македонија го делеше 69-то место, со Гана, Италија и Самоа.