Главната забелешка нa Амнести е злоупотребата на самицата која пречесто се користи за "воспитување" на затворениците. Постојат луѓе кои минуваат и по 15 години во изолација. Дури 8 проценти од затворската популација се наоѓа под ваков посебен третман иако 35 проценти од нив сториле некаков ненасилен прекршок.
Организацијата извади докази дека и тинејџери меѓу 14 и 17 години биле казнувани со самица. А самицата е ригорозна - 24 часа осветлена просторија без никаков прозорец, затвореникот може да излезе најмногу 3 пати неделно на прошетка од два часа.
Оние што се осудени на доживотен затвор, минимум првите две години мораат да ги минат таму.
Доколку затвореник побара консултација со психолог, за тоа најчесто чека меѓу 6 и 8 месеци. За разлика од повеќето држави, Аризона дозволува во самица да бидат сместени и луѓе со ментални проблеми.
Сето ова резултира со двојно поголем број самоубиства од националниот просек. 70 проценти од оние кои си го одземале животот во затвор во Аризона биле сместени во самица.