Пред самитот во Картагена, Обама направи "хокеарски замени" во своето обезбедување откако дузина агенти во слободното време покажале интерес за локалните проститутки.
Од Тајната служба, не дале потврда за обвинувањата, туку само објавиле дека тие се сфатени сериозно и дека е почната истрага по нив.
"Имаше обвинувања за недолично однесување на агентите на Тајната служба додека го подготвуваа теренот за пристигнување на претседателот. Заради ова, тие се ослободени од нивната должност и вратени во САД," стои во соопштението на агенцијата.
Сите 12 вратени агенти се од иста единица, но само еден од нив е осомничен за проституција.
Годинава, ова е прв инцидент со обезбедувањето на Обама. Минатиот ноември, еден припадник на обезбедувањето беше обвинет за пукање пред МекДоналдс во Хонолулу. Иако не бил на должност во тој момент, агентот бил на Хаваи за да го подготви теренот за пристигнување на претседателот.