Свет

Париз под опсада, 75.000 војници на улиците

Остануваат уште два дена до почетокот на Олимписките игри во Париз, а безбедноста во француската престолнина е на невидено високо ниво. Толку е стегнато сè што градот е морничаво празен и тивок. Макрон тврди „подготвени сме“ иако на многумина им мрзне крвта од заканите од типот:„Крв ќе тече по улиците на Париз!“

Камала става крај на старата Демократска партија

Историски, базата на Демократската партија беа работниците и малцинствата а нивните гласови се задржуваа со фокусирање на секојдневни теми и проблеми како што се платите, цените, домувањето, условите за живот и работа. Новата база е урбана елита која повеќе се занимава со тоа како да се рационализира горивото или како помалку да се јаде месо. 

Камала кај младите стои полошо и од Бајден

Демократите секогаш стоеле добро кај младите. Бајден во 2020 година сериозно го потепа Трамп меѓу гласачите помлади од 35 години. Моменталниот пресек на расположениот покажува поинаква слика. Камала заостанува зад Трамп повеќе отколку дефицитот на Бајден. Многу забуни настануваат кога за сите млади се суди според она што се случува на социјалнте мрежи.  

Сега па Трамп е стариот

Како што Бајден официјално се откажа од трката и и ја предаде палката на Камала, така демократите и републиканците си ги заменија скриптите, па сега првите почнаа да галамат како 78-годишниот Трамп е стар за функцијата, на која Бајден дојде токму на 78 години.

Ќе смее ли Камала да ги пипне милионите на Бајден?

Се работи за десетици милиони долари, чие користење за кампања Републиканците би сакале некако да им го искомплицираат на Демократите барем до ноември, прво преку Федералната изборна комисија, а потоа и на суд.

Камала Харис не е дорасната за таква функција

Во интелектуална смисла, Камала Харис е перолесна категорија. Никогаш не кажала нешто оригинално или промислено. Ако обезбеди номинација, нејзините досегашни празни, бесмислени, репетитивни и будалести пораки, на Трамп ќе му нафрлат куп материјал за урнебесно смешни реклами. Меѓутоа, оние што буткаат „идентитетски политики“ тријат раце бидејќи таа уште полесно ќе биде контролирана отколку Бајден.

Kако што се откажа од кандидатурата, така Бајден да даде и оставка

Ако Џо Бајден не се чувствува доволно кадарен да ја продолжи трката за претседател на САД, тогаш тој не е ништо покадарен ни да го заврши мандатот за претседател и затоа треба да си даде оставка, бараат високи републикански функционери.

Дојдете во Франција, ќе ве убиеме

Излезе дека дури ни израелските Олимпијци не се нешто посебно популарни во Франција и меѓу жителите на Париз, кои се толку директни во изразување на својата омраза кон спортистите што Израел на Олимпијадата ќе испраќа и посебен тим од Шин Бет.

Си-ен-ен му збори на Зеленски пред рака

Состојбата на фронтот, ситуацијата во САД и тонот со кој Зеленски минатата недела и се обраќа на нацијата, Си-ен-ен го толкува како сигнал дека украинскиот претседател за прв пат е подготвен да преговара со Москва.

Азербејџан ќе ја помага независноста од Франција

Официјален Баку тврди дека Франција предолго и предрско се меша во нивните внатрешни работи , првенствено преку блиските контакти со Ерменија со која три децении имаат сериозен конфликт околу сепаратистичкиот азербејџански регион Нагорно Карабах. Бидејќи нема фајде што им викаат да престанат да се мешаат, Азербејџан реши сега тие да се замешаат во француските проблеми.

Северна и Јужна, секоја со своето ѓубре

Северна и Јужна Кореја можат во секое време сериозно да ја спукаат, но за среќа, досега се држат до нископрофилниот меѓусебен конфликт кој знае да има и интересни епизоди. Секогаш кога Јужна Кореја ќе почне нова пропагандна акција против Северна, Северна пушта кон соседот балони кои носат отпад. По принцип, вие со ѓубре, ние со ѓубре.

Јужна Кореја ќе им доака на дроновите

Револуционерното оружје на војната во Украина излегоа дека се дроновите кои за релативно евтина цена, од неколку илјади евра, можат да уништат воена опрема вредна стотици илјади, ако и не и милиони евра. Сега Јужна Кореја има решение за дроновите кое е поевтино и од нив.

Надежта на Украина се потпира на лажните ветувања на НАТО

Неодговорната политика на алијанската кон Украина продолжува, давајќи лажна надеж, и правејќи го мирот многу помалку веројатен а војната многу поопасна, пишува Политико.

Трамп после атентатот: Бајден ќе почне Трета светска војна

Доналд Трамп ја прифати републиканската претседателска номинација пред илјада егзалтирани следбеници во Милвоки (некои со газа на увото) и првпат по атентатот одржа говор кој траеше час и половиина. Немало подолг говор за номинација последниве 50 години.

Бајден ќе се откаже викендов?

Топ членови на Демократската партија на САД приватно им рекле на основачите на Аксиос дека сè поголемиот притисок од конгресните лидери и блиски пријатели го убедиле Џо Бајден да се откаже од идејата да бара втор мандат во Белата куќа. И тоа може да се случи за само неколку дена, во викендот што претстои.

Ми се збори, ми се лае

Новоизбрана европарламентарка од Романија била исфрлена од сесија на Европскиот парламент откако ги игногирала сите процедурални опомени да не вика од место и да не ги прекинува другите додека говорат. Кога конечно дошле службите да ѝ објаснат дека таму сепак постојат правила, таа на лице ставила кучешка маска, по што сепак била одведена надвор, да се прошета и евентуално замоча.

Секој трети симпатизер на Бајден верува дека пукањето врз Трамп е местено

Обидот за атентат на Доналд Трамп е наместена работа и никогаш немала за цел да го убие поранешниот претседател сметаат нешто над 33% од симпатизерите на актуелниот претседател Џо Бајден.

Кошмарот на Тајната служба се вика накосен кров

После она што се случи во Пенсилванија, директорката на американската Тајна служба мораше да даде одговор зошто немале ставено човек на кровот од кој стрелецот се обиде да изврши атентат врз Трамп. А одговорот е: кровот им бил кос на агентите.

Судот на ЕУ ја критизираше Комисијата за договорите за вакцини

Вториот највисок суд во Европа ја критикуваше Европската комисија за немање транспарентност околу договорите за ковид вакцините склучувани пред четири години. Судот реши ова да го обелодени еден ден пред клучното гласање за кандидатурата на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен за втор мандат.

НАТО разгледува што кинеско да заплени во случај на војна

Дискутирајќи ги дополнително опциите за влошување на ситуацијата во Украина и Европа, НАТО размислува за тоа која кинески финансирана и изградена инфраструктура во Европа би требало да ја заплени во случај на војна со Русија.

Како да се одизбере претседател

Бајден успеа брзо и одлучно да го одбие првиот посериозен јавен напад од демократите да се откаже од претседателската кандидатура. Како што тој не се откажува, така од намерата да го сменат не се откажуваат ни високи функционери од времето на Обама и Клинтон.

Само расчистувањето на шутот од израелската инвазија на Газа ќе трае деценија и пол

Процените се дека операцијата за расчистување на целиот распарчен бетон и арматура во Газа ќе чини меѓу 500 и 600 милиони долари, а тоа ќе треба да се направи пред што било друго да се почне.

Со левицата Франција ќе ја стигне и 90% данок

Францускиот Нов народен фронт кој сега е најголемата група во парламентот, побара земјата да добие премиер кој ќе ги спроведе партиските идеи меѓу кои се и нов данок на богати и контрола на цената на бензинот.

Обидот за атентат на Трамп менува сè

Сликата на раскрварен и пркосен Доналд Трамп како со стисната тупаница ја отпоздравува толпата во Пенсилванија додека го изговора зборот „fight“ со американското знаме во позадина, инстантно ќе влезе во книгите за историја како еден од моментите што ја дефинирал нашата ера, пишува Блумберг.