Свет

И Јужен Судан најде решение за политичката криза

Имаа војна од две и нешто години со десетици илјади мртви и пар милиони расселени. Ете ги денес лидерите на двете завојувани страни, на инаугурален говор во кој меѓусебно се ословуваа како браќа.

Банкротирана Исламска држава

До пред само некој месец раскошниот рај на секој што има каков било проблем со Западот и нема никаков проблем со обезглавување луѓе, деновиве е во сериозни проблеми со немање пари.

Како да се помрдне сиромаштијата?

Уште на почетокот на кампањата Берни Сандерс ја знаеше слабата страна на својата изборна математика. "Ако не излезат работниците и сите оние кои живеат од својот труд, ништо не сме направиле," велеше тој будејќи ги надежите дека суштинска промена е можна. Веројатно е можна е, но не овојпат.

Моќ навлечена на санкции

Од Северна Кореја па до Судан, санкциите од О.Н. остануваат главниот не-ракетен механизам на глобалните сили за зауздување на државите со амбиции за развивање нуклеарни програми, напаѓање цивили или неспроведување некаков вид демократија. Карактеристично за нив е што најчесто не успеваат.

Европа виа Бразил

Откако ЕУ со милијарди евра ја затвори турската бегалска рута, и почна дел од пребеганите да ги товари назад кон Турција, бегалците пробија нова рута која само ја потврдува нивната одлучност да стигнат до Европа. Новата рута води преку Бразил.

Буџетската дупка на ИСИС

Месечните приливи на ИСИС паднале од 80 на 56 милиони долари. И ако ИСИС од другите влади во светов се разликува по многу работи, во една е иста: приходната дупка на буџетот ќе го пополнува со нови даноци.

Сноуден работел за Русија?

Обвинувањето е од првите луѓе на германското надворешно и домашно разузнавање, според кои свиркачот за време на извршувањето на своето дело бил под влијание на руската влада.

Портпаролот на Путин пријави 4 пати поголеми приходи од шефот

Објавувањето на аннкетните листови на руските функционери обелодени дека во 2015-та, портпаролот на рускиот претседател имал четири пати повеќе примања од својот надреден. Дмитри Пешков објасни - од тато му се.  

Како пропадна бразилската економија

Бразилците во просек во пензија одат на 54 години, а одредени државни службеници, војни функционери и политичари добиваат по неколку пензии што заедно можат да достигнат над 100.000 долари годишно. По нивната смрт пензиите ги наследуваат сопругите или ќерките, и имаат право на нив до крајот на животот.

Разговор со сириски шверцер на луѓе

Кога започнуваат немирите во Сирија 25-годишниот Абу Јазан работи како градежник. Откако ИСИС ја освојува Рака тој бега од својот роден град. Во јануари 2014-та пристигнува во Турција, каде не му дозволуваат влез во ниту еден бегалски камп, затоа што е млад и нема семејство. Од тогаш живее во Измир. Година и пол подоцна почнува да работи за една мрежа за шверц на луѓе.

Победник во дебата е оној кој ќе наметне за што се дебатира

Берни Сандерс веќе освои нешто големо а тоа не е неговата клучна политичка цел во моментов, партиската номинација за претседател. "Баталете кој победил во некоја дебата. Сандерс победи затоа што ги постави темите на дебатата," пишува Слејт.

Како квантните компјутери, премиеру?

Новинар саркастично го предизвикува го предизвикува канадскиот премиер Џастин Трудо да почне да збори за политика, затоа што за квантни компјутери сигурно нема што да збори. Не, а?

САД добија опомена пред исклучување од Саудиска Арабија

Ситуацијата е следна, ако администрацијата на Обама или Конгресот одлучат да донесат закон кој ќе овозможи саудиските власти да одговараат пред американските судови за каква било поврзаност со 11-ти септември, кралството ќе продаде американски хартии од вредност во износ од стотици милијарди долари.

Разговор со поранешен вработен на Мосак Фонсека

Човекот во 90-те отвора и работи американско претставништво на Мосак Фонсека, објаснува како функционира компанијата, дека таа е најмалку виновна за што било и зошто нема Американци на списоците.

Партизанот што го освои интернетот

Деновиве на интернет повторно проциркулира фотографијата со расплаканиот воен ветеран направена за време на парада во Русија. За комплетен впечаток сликата беше дополнета со текстот: Последниот ветеран од една чета од Втората светска војна сам маршира на парадата за Денот на победата.

Портрети од привремениот град

Кале на северот од Франција е последната точка од континенталното патување на секој еден бегалец со сон за селење во Британија. За добар дел од бегалците преминувањето на Ла Манш е одложено на неодредено време. Како последица на ова почна да изникнува градот од шатори, локално познат како Џунгла.

Цвеќарот на мафијата

Од перспектива на останатите трговци на еден од најголемите цветни пазари во близина на Амстердам, Винченцо Крупи е само уште еден цвеќар кој се обидува да извезува што е можно повеќе цвеќе. За полицијата Крупи е човек кој колку што има пуштено цвеќе во извоз, толку има и дрога.

На САД почна да им трепка резервата за бомби

Американската посветеност на Блискиот Исток доведе до неочекуван пад во резервите на воздух-земја муниција на Пентагон. Нормално дека ќе надоместат, ама не оди тоа така брзо.

Муслиманката што спречи втор напад на Париз

Неколку дена по масакрот во Париз, за сега неименувана жена се среќава со Абделхамид Абауд, организаторот на нападите. Токму нејзината дојава до полицијата е витална за неговото откривање. Најважно и е светот да знае да знае дека "и јас сум муслиманка, и дека тоа што го направија Абауд и другите, не е учење на Исламот."

Стоте дена во кои се убиени речиси милион луѓе

На 6-ти април 1994-та на слетување во Кигали соборен е авионот на претседателот на Руанда, кој загинува во несреќата. Следниот ден Хуту војници, полицајци и милиција почнува со масакрирање на Тутсите. Просекот им е околу 10.000 убиени луѓе на ден, и ова темпо го држат некаде до средината на јули.

Се судрија Викиликс и Панамџиите

"Ние не сме Викиликс туку сериозно новинарство," надмено ја фрли ракавицата за двобој првиот човек на меѓународниот новинарски конзорциум кој ги објавува оф-шор податоците од Панама. Викиликс не останаа должни па ги обвинија за политичка манипулација  оркестрирана од Сорос и американската влада преку УСАИД, со цел да му се наштети на Путин.

Саудијците купуваат земјиште во САД за да ги нахранат своите крави

Бидејќи тоа што е преплавена со пустина од сите страни, никако не и помага на Саудиска Арабија околу сушата и проблемите со обезбедување храна за стоката, една од најголемите млекари во земјата почна да купува земјиште во САД. Па таму ќе садат трева.

Вестите за "Панама документите" во Русија

Владимир Путин, иако директно никаде не спомнат во кој било од објавените документи, беше најмоќниот лидер кој се појави во неделното објавување на Панама документите. Беа спомнати имињата на неколку најблиски пријатели и соработници на рускиот претседател кои наводно переле пари во негово име.

Берни Сандерс си грми

Висконсин е шеста по ред победа на Берни Сандерс во предизборната трка со Хилари Клинтон. На почетокот на кампањата, ретко кој очекуваше волку жилаво држење од човекот кому интегритет никогаш не му недостасувал а сега стои добро и со пари. Уште да успее некако да се конектира со црните гласачи. Тоа ќе се види во Њујорк.