Колку држави бомбардира САД во моментов?

Ако се водиме според бројот на војни што во моментот се одобрени од американскиот Конгрес, официјалниот број би бил нула. Тоа не значи дека на терен е така.

Благодарејќи на тоа што денес најголемиот дел од бомбардирањето може да се заврши со дронови, и што Пентагон има начини тоа да го спроведе без многу да се расчуе за истото, никој не може да го утврди прецизниот број на земји што периодов се бомбардирани од САД.

Новинарот на Фјужн, Нандо Вила, врз основа на она што е во вестите, доаѓа до бројката 7.

Списокот е составен исклучиво од доминантно муслимански држави како очекуваните Сирија, Ирак и Авганистан кој со себе повлекува и бомбардирање на Пакистан, и заборавените војни во Јемен, Либија и Сомалија.

via

31 октомври 2016 - 09:13