Во понеделникот мрежата потврди дека ја прифатиле оставката што Бразиле ја поднела уште на 14 октомври, откако се појавија првите информации дека таа ги протекла прашањата до кампањата на Хилари. Од Сиенен не одговориле на прашањето на Вашингтон пост, зошто цели две недели не ја објавиле оставката. Во соопштението на Сиенен се вели "нам ни е целосно непријатно од она што го разбравме за нејзината интеракција со кампањата на Клинтон додека таа беше коментатор на Сиенен."
Викиликс претходно објави мејлови во кои Бразиле контактира со Подеста, претседателот на кампањата на Хилари, уште во март годинава, околу нејзиниот пристап до прашањата што ќе бидат поставени на претседателската дебата организирана од Хилари, во кои таа вели "од време на време прашањата ги добивам однапред... ќе ти испратам и други". Во тоа време Бразиле ја информирала кампањата на Хилари дека таа ќе добие прашање за смртна казна.
Реакцијата на Сиенен во понеделникот следува откако Викиликс објави дополнителна размена на мејлови меѓу Бразиле и Подеста, од кои се гледа дека таа испратила и нови прашања, овој пат конкретно од дебатата со граѓаните дека жена од Флинт, Мичиген, ќе ја праша Хилари како таа мисли да му помогне на градот околу проблемот со загадената вода.
Од Сиенен отфрлаат секаква вмешаност на мрежата објаснувајќи дека "на Бразиле никогаш не и бил даден пристап до прашања, материјал за подготовки, листа на учесници или информации за состаноци или што било пред почетокот на средбата со граѓаните или дебатата."
Се очекува дека телевизиската мрежа ќе ја продолжи соработката со Бразиле по завршување на изборите.