Системот МогИА проценува дека Трамп ќе биде победник на изборите врз основа на анализа на 20 милиони податоци собрани од платформи како Гугл, Јутјуб и Твитер. Истиот овој систем го погоди исходот и на последните три претседателски избори, како и на внатрепартиските избори кај демократите и републиканците.
"Додека најголемиот дел од алгоритмите страдаат од пристрасност на програмерот, Могиа цели да учи од својата околина, развивајќи сопствени правила на ниво на политики и развивање експертски системи, без отфрлање на какви било податоци," објаснува основачот на компанијата што го развива Могиа, Санџив Раи.
Могиа го анализира "енгејџментот" на пораките испратени на социјалните медиуми. Системот не може секогаш да оцени дали пораката била позитивна или негативна, туку поважно му е да утврди колку корисници таа заинтересирала и колкумина реагирале на нејзе.
"Ако Трамп изгуби тоа ќе биде спротивно на податоците за прв пат во последните 12 години," објаснува Раи.
Сличен исход на изборите минатиот месец предвиде и професорот Алан Лихтман, кој од 1984-та нема утнато ниту една прогноза за американски претседател.