Иако CNN и BBC бааги долго време го држеа Трамп со 15-тина гласа во минус, Гардијан прв се осмели да излезе со вонредна вест:
„Трамп победи во претседателската трка и ја фрли земјата во неизвесна иднина“, напиша Гардијан за една од најневеројатните политички победи во американските претседателски дуели.
Наспроти сите процени дека Трамп со своите ставови отуѓи од себе сериозни делови од популацијата, тој успеа да собере доволно гласови благодарејќи на собраниот гнев против естаблишментот.
На Трамп му се јавила Хилари и му честитала на победата.
Политичко-финансиските црева во Вашингтон се во сериозна паника.
Ако за нешто е добра оваа победа на Трамп, тогаш е тоа за да ги замолчи (барем за кратко) овдешните љубители на завери, кои тврдеа дека масоните и илуминатите нема да дозволат нивната Хилари да изгуби.
Демократијата знае да биде едно големо ПРЦ! за оние што мислат дека се одбрани од Бога.