Путин до САД: Олабавете ме и гледајте што ви се случува на избори

Американските политичари само создаваат хистерија околу "митската руска закана" како маневар да се оттргне вниманието на гласачите од вистинските проблеми за време на американските избори, изјави Путин на средбата со руските експерти за надворешни работи.

Неговиот став е дека воскреснувањето на паранојата околу Русија се должи на тоа што американската политичка елита нема што да каже околу сериозни прашања како државниот долг на земјата или контролата на оружјето.

Во однос на обвинувањата дека Русија стои зад хакирањето на мејлот на помошникот на Хилари, и дека Трамп е нивна марионета, тој порачал дека "тешко е да се поверува дека некој сериозно ќе помисли дека Москва е способна да влијае на изборите на 8-ми ноември."

"Многу е полесно да им го свртиш вниманието на гласачите со т.нр. руски хакери, шпиони и агенти со влијание. Дали некој стварно верува дека Русија може на таков начин да влијае на изборот на американскиот народ? Дали Америка е банана република или такво нешто? Америка е велесила," порачал Путин.

Во обраќањето тој неколку пати повторил и дека администрацијата на Обама не се држела до ветеното во Сирија, не ги испочитувала договорите, и постојано погрешно ја обвинувала Москва "за секакви гревови".

28 октомври 2016 - 09:40