"Што мајка ти?" претседателски дебати

Хилари Клинтон и Доналд Трамп во претседателските дебати, и општо во кампањата, влегоа со прилично голема пратка личен багаж. За Клинтон тоа претежно беа мејловите и говорите и блискоста со Вол Стрит. За Трамп, тоа беше речиси секоја тема за која некогаш отворил уста.

Со вакво портфолио на содржини за докусурување на другиот и за менување на темата, добар дел од претседателските дебати, и известувањето од истите, се потроши на лични прашања.

Пресметката е дека во трите дебати поставени се вкупно 70 прашања, ако не се бројат прашањата што се повторуваат. Од овие 70, 47 прашања се за политики на кандидатите, а 23 се лични.

Ова значи дека речиси секое трето прашање во дебатите беше лично, или гледано до друга страна, само две третини од прашањата бараат од кандидатите што тие планираат да направат во врска со иднината на земјата.

Сепак, имаше и љубов:

20 октомври 2016 - 14:42