Освен во Алјаска, гласачките места во САД се затворени.
Проекциите навестуваат дека Трамп одиграл јако во клучните Охајо, Флорида и Северна Каролина, кои покрај победите во традиционалните републикански упоришта му носат водство во финишот на трката.
Хилари Клинтон победила во енигматичната Вирџинија и во североисточниот сет држави.
Во некои држави како што се Мичиген и Пенсилванија резултатот е толку тесен што сè уште не се знае победникот.
Во моментов на Трамп му недостасуваат само уште 26 електори за победносниот скор од 270.
Известувачите јавуваат дека во текот на гласачкиот ден, расположението во штабот на Хилари очигледно се променило. Првите анализи велат дека таа сепак не успеала доволно да ги мобилизира младите, Латиносите и црнечките гласови.
Ваквиот развој на настаните најдрастично се покажа на финансискиот сеизмограф: клучниот индекс на берзата паднал за 750 поени.
Во обраќањето до нацијата, актуелниот претседател на САД Барак Обама потсети дека кој и да победи, на 9 ноември наутро сонцето повторно ќе изгрее.