Одлуката на вишиот суд најверојатно уште неделава ќе биде обжалена пред Врховниот суд.
Плановите за брегзит беа оспорени во случај за кој се смета дека ќе има уставни импликации, во однос на балансот на моќ меѓу Парламентот и Владата.
Премиерката Тереза Меј изјави дека до 31 март 2017 ќе ги започне преговорите за напуштање на Унијата. Таа се потпира на правото наречено кралски прерогатив кое им дозволува на владата и министрите да вршат работи без барање на дозвола од Парламентот, меѓу овие работи е и повлекување од меѓународни договори.
Подносителите тврдат дека напуштањето на ЕУ ќе укине одредени човекови права, вклучувајќи го и она за слободно движење во границите на Унијата, и дека тоа не може да биде извршено без дозвола на Парламентот.