Она на што најмногу забележуваат демократите е што Коуми ја отворил истрагата неполни две недели пред изборите. За време на цела кампања токму аферата со мејловите беше една од темите за кои Трамп најмногу ѝ се качуваше на глава на Хилари.
На страна правдината и што-како ќе излезе од истрагата, најневеројатен дел е како ФБИ стига до новите докази.
Целата приказна почнува од поранешниот демократски конгресмен Ентони Винер, инаку познат по неколку скандали со испраќање слики од сопствените гениталии на свои познанички. Истиот овој Винер е поранешен сопруг (разведени се 2015) на Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари. Истиот овој Винер иако неколку пати се извинуваше за тоа што испраќал фотки (и го фатиле), никако да се откаже од оваа навика.
Потоа:
- Во септември годинава Дејли мејл објавува дека Винер разменувал секс пораки со 15-годишно девојче.
- ФБИ започнува истрага околу овие обвинувања и како дел од неа го запленува личниот компјутер на Винер.
- На компјутерот на Винер се откриени мејлови од неговата сопруга Хума Абедин, од времето кога е шеф на кабинетот на Хилари додека таа е државен секретар на САД.
- ФБИ објавува дека запленетите мејлови на Абедин најверојатно се поврзани со нивната претходна истрага околу меjл-серверот на Хилари Клинтон.
- На 30 октомври ФБИ добива налог за да може да ги прегледа мејловите.
Во меѓувреме за да не се прави баук околу целата работа, Хилари побара веднаш да се објави целата содржина на новооткриените мејлови, порачувајќи дека тие нема да го променат претходниот заклучок дека нема основа за нејзино кривично гонење.
За тоа како демократите преку ноќ го претворија Коуми во главен душман, тука