Многу зрели, смирувачки и позитивни пораки излегоа од устата на златокосиот во неговиот прв говор по победата во претседателската трка.
Ѝ честиташе на Хилари за сериозната битка и ѝ заблагодари за нејзината служба кон државата.
Сега е време Америка да ги залечи раните од поделеноста, и тоа важи за сите; на сите републиканци, демократи и независни од целатa земја им порачувам дека е време од ова да излеземе како обединета нација.
Време е. На секој граѓанин од нашата земја му порачувам дека ќе бидам претседател на сите Американци и дека тоа ми е многу важно. Оние кои одбраа да не ме поддржат во минатото, ги замолувам за нивна помош и насоки да работиме заедно и да ја обединиме оваа прекрасна земја.
Според Трамп време е да се обнови американскиот сон. Пoтсети дека тој цел живот е во бизнисот и ги знае потенцијалите на земјата.
Секој Американец ќе има можност да ги оствари своите целосни потенцијали. Заборавените мажи и жени веќе нема да бидат заборавени, рече Трамп ветувајќи дека Америка веќе нема да се задоволи со ништо помалку од најдоброто.
Смирувачки пораки имаше и кон светската заедница.
Сакам да ги потсетам дека иако ќе ги ставиме американските интереси на прво место, ние ќе бидеме фер со секого. Со сите држави и нации. Ќе бараме заеднички основи а не непријателство, ќе бараме партнерство а не конфликт.
Иако неговата победа веќе е оценета како историска, Трамп потсети дека за да биде нешто историско, тоа треба да се сработи. И вети дека ќе го сработи.