Папата Францис постигна консензус сам со себе околу комерцијализацијата на еден од најценетите објекти во Ватикан - корпорации во иднина ќе може да организираат настани во Систинската капела, ама сите пари да одат во добротворни организации што работат со бездомници и сиромашни.
БиБиСи известува дека се повеќе Англичани секој викенд патуваат за Дормунд за да гледаат фудбал. И покрај тоа што од Лондон до таму има 7 часа возење со автомобил, ним пак им се фаќа поевтино отколку да ја гледаат Премиер лигата.
Ако компанија во партнерство со дерматолози, продава крема за која апсурдно тврди дека може да ја поправи штетата на ДНК-та, кој е должен да пријави дека ова е глупост?
Како на состанок на таен револуционерен кружок, најдобрите готвачи во Франција редовно околу 2 часот наутро се среќаваат на локација на половина час од Париз - пазарот Рунгис Интернационал, најголемиот "кванташки" на светот.
За 10 години, дваесетина проценти од светското население со вода ќе го снабдуваат големи и лакоми корпорации. А тие во меѓувреме работат на редефинирање на водата, од човеково право во луксуз.
Ерик Дезенхал има 52 години, а во последните 30 расчитува туѓи скандали и срамови - теми од типот дали треба да се извиниш или да удриш по критичарите, дали треба да ја извадиш жена ти пред камери кога се извинуваш за некој секс скандал или како да се одбраниш од Твитер линчови? Секој пат различно.
Анализа на стотици говори на американски претседали во историјата го покажало следново: некогаш зборувале на ниво на доктори, денес нивните говори се слични на писмена од седмо одделение.
Во 1872-ра, американските законодавци во актот за тарифи стават запирка на погрешно место, која на крај ги чини даночните обврзници над 2 милиони долари (или 38 милиони долари по денешен курс).
Безимена Чехинка доби спомен плоча заради нејзниот удел во отпорот кон германската инвазија на земјата за време на Втората Светска Војна: намерно спиела со окупаторот за да им пренесе сексуално преносливи болести по што тие бргу исчезнувале од службата. Локалците ја сметале за курва.
Затоа што не можеа да искористат ништо од својата содржина, Порнхаб организираа конкурс за "најдобрата не-порнографска реклама." Го избраа победникот, и го закачија на Тајмс Сквер во Њујорк. Вчера на својот твитер профил Порнхаб објави дека го симнале билбордот.
Меѓу останатите ставки на годишниот божиќен каталог на Нејман Маркус се наоѓа и пакетот "Ванити Феир Оскар искуство." Цената е од насловот, а искуството е за двајца.
Против волјата на човекот кој ја обедини Германија, деновиве излегуваат во книга неговите исповеди во кои ама ич не ги штеди големите политички фигури како Меркел или Горбачов.
Сатиричните видеа и пародиите во Британија веќе не подлежат на ограничувања во однос на авторските права. Не дека некој им ги бараше на Монти Пајтон на времето, кога ја пародизираа Библијата.
Откако Норвешка се повлече (затоа што не и се трошат многу пари), како кандидати за организирање на Зимската Олимпијада 2022-ра останаа Кина и Казахстан.
Оваа чест ни ја направија кинеските властите кои за Денот на создавањето на Кина, од безбедносни причини, почнаа да бараат бомби во анусите на гулабите кои беа дел од прославата.
Во 2008-ма, Сингапур ерлајнс ја воведува Апартман класа, најлуксузната комерцијална класа за летање. Апартманите се ексклузивно достапни само во Ербус 380, и добиваш многу повеќе од кревет и приватна кабина во авион.
Eлена Серова ќе стане првата космонаутка која во последните 17 години била во вселената. Во исто време новинарите кои разговараат со неа имаат суштински прашања за мисијата - како ќе ја миеш косата во вселена?
Првиот дел од животот Чак Финеј го минува во заработување на над 5 милијарди евра. Тогаш во еден момент решава дека сака сите да ги раздаде. На страна, за не дај Боже, остави 1,5 милиони долари.
Кога би се прескокнале сите останати забелешки околу Мис Америка по сите останати основи, и на проблемот би се пристапил од чист УЈП аспект, би ја фатиле организацијата како лаже за околу 44 милиони долари само по основа на поделени студентски стипендии.
Начинот на кој родителите зборуваат со своите ќерки е причината за тоа што жените многу побрзо пристапуваат до своите сеќавања, со многу повеќе детали и прецизност, во споредба со мажите.
Годинава беше 25 годишнината од протестите на Тиенанмен, настан кој речиси никој млад Кинез (под 30 години) не ни знае дека се случил и покрај тоа што во судирите сред Пекинг загинаа околу 2.000 луѓе.