Американскиот департмент за одбрана лани потрошил преку половина милион долари за набавка на вијагра за американските војници. Поточно 504,816 долари, преку 60 договори со еден ист набавувач. Дополнително, нешто ситно е дадено и за купување Левитра и Циалис кои имаат иста функција.
Ваквата поддршка за американските трупи започнува во 1998-а година, кога една пилула Вијагра чинела 10 долари. Заради инфлацијата, денес истото чини 25 долари парче.
На војник со потреба од вијагра му следуваат 6 апчиња месечно. Во истиот програм за здравствено осигурување, освен вијагра, на американските војници им следуваат и пумпи за ерекција, импланти за пенис, протези за тестиси, хормонални инекции и други алатки за помош при еректилни дисфункции.
Педантни буџетски аналитичари пресметале дека со оваа набавка (земен во обзир максималниот ефект од 4 часа) биле обезбедени вкупно 80.770 часа, 33 минути и 36 секунди државно субвенционирани ерекции.