Невработеноста те менува како личност

Британците прават истражување на тема како седењето дома (заради невработеност) влијае на твојот карактер. Заклучок - немој да се чудиш што имаш толку незадоволен народ.

Истражувањето го прават кај Германци, и опфаќа околу 6.800 луѓе. Од нив, 210 се невработени. Мажите кои биле невработени повеќе од 2 години се помалку пријатни отколку оние што се вработени. Кај жените истата разлика се забележува после една година.

Исто така колку подолго биле невработени, толку помалку совесни биле луѓето.

Генералниот заклучок е дека промените во карактерот создаваат спирала на проблеми кај луѓето кои не се вработени подолго време, што пак дополнително го отежнува нивното вработување.

Студијата ја прави од Универзитетот во Стирлинг во Велика Британија, а идејата била да се преиспита претпоставката дека карактерот е "фиксен" и да се покаже како надворешните фактори, како невработеноста, можат да влијаат на него.

 

23 февруари 2015 - 11:48