Според британската полиција сите 4 девојчиња ја искористиле оваа опција на авио-компанијата за да стигнат до Истанбул. Тука помага и тоа што ниту еден британски закон не забранува продавање авио-билети на лица постари од 12 години. Според разузнавачки извори, еден од главните водичи на тинејџерите е Акса Махмуд, тинејџерката која и самата пребега во ИД. Токму таа ги регрутира и 4-те тинејџерки од Британија.
Во случајот со Британките, на кои им е потребна виза за влегување во Турција, ИД препорачува тие да побараат туристичка виза за неколку дена бидејќи тоа "ќе ги смири цариниците, да не паничат и да не се возбудуваат."
На жените кои сакаат да се приклучат, ИД им наложува во ниту еден случај да не патуваат сами, и во секое време да бидат придружени од мажи. За секој случај тие пред пристигнување во Турција треба да имаат договорено превоз, најдобро такси, кое ќе ги одвезе до крајната дестинација. По ова нив ги чека пат од околу 1.3000 километри, колку што има од Истанбул до сириската граница.
Од девојчињата нема никаков абер откако пристигнуваат на територијата на ИД.