
Пол Смалдино од Универзитетот на Калифорнија, Дејвис, прави математички модел кој треба да ја предвиди уникатноста на изгледот на човекот. Во неа има 4 работи кои треба да се земат предвид:
1. "позиција," или изразен вкус
2. "информација," или свесноста на човекот за реакцијата предизвикана од неговиот изразен вкус
3. "идеална позиција," кога сакаш да бидеш предвид во однос на она што се зема како просек
4. "правило за коригирање на позиција," промените што се прават врз основа на тоа каде си, а каде сакаш да се наоѓаш во однос на идеалот.
По целата оваа математика, заклучокот на Смалдино е "се додека разликите меѓу преференциите на луѓето не се претерано големи, популацијата и понатаму се насочува и приближува кон комформитетот, дури и кога тие претпочитаат разновидни карактеристики." Односно дека екстремната потрага по индивидуалност може да доведе до создавање на различни гранки, одделени од комформитетот.
"Ако луѓето го променат своето однесување како одговор на другите, меѓутоа не земаат предвид како нивното сопствени однесување влијае на сите останати, тогаш дури и потрагата по уникатност може да доведе до армија клонови. Очигледно сите не се идентични, бидејќи има и други фактори кои се во игра освен потрагата по глобална уникатност, ама и покрај тоа ние гледаме доста униформност кај луѓето кои се обидуваат да бидат различни - хипстери, панкери, академици. Навистина уникатни луѓе се ретки," објаснува Смалдино.