
Стивен Плат, професор на Универзитетот Џорџтаун (плус работи со Светска банка, Департманот за Правда и слични) објаснува дека постои разлика меѓу перење пари и криминално посредство. Ова второто подразбира помагање криминалци во извршување на некое дело кое се базира на криминал, како плаќање или примање поткуп, или совет за избегнување данок.
Што се однесува на Свисликс и објавата за тоа како ХСБЦ перела пари за криминални организации, Плат објаснува дека идејата за ХСБЦ како изолирана институција која дејствува самостојно надвор од остатокот од финансиските институции е бесмислица,
"Имало (документите се од пред 8 години) и се уште има, огромна индустрија посветена на помагање на луѓето во избегнување на нивната изложеност на он-шор даноците. Моето прашање е зошто сето ова се случувало во Швајцарија? А одговорот е едноставен - затоа што перењето на приходите од избегнување на даноците во странство не е нелегално во Швајцарија," објаснува Плат.
Неговата процена е дека околу 2.100 милијарди долари пари од криминал годишно влегуваат во банкарскиот сектор. Од овие само на дрога отпаѓаат околу 400 милијарди долари.