Разно

Кој има авторско право ако фотографот е мајмун

Ако Енди Ворхол направил фотографија на конзерва со Камбел супа, тогаш чии се авторските права: на Ворхол, на производителот на супата или по пола? А што ако мајмун ти го земе апаратот и направи селфи?

Од бојното поле Епл - Самсунг

Битката меѓу технолошките гиганти почнува да наликува на бескрајниот израелско- палестински конфликт. Има два нови интересни момента: а) Епл направи дупка во бизнисот на Самсунг вредна речиси една милијарда долари и б) Завојуваните страни прогласија примирје надвор од САД.

Бандите што го наследија Ескобар

Меделин моментално го живее еден од најмирните периоди во поновата историја, не затоа што по смртта на Ескобар нема нарко-картели во градот, туку затоа што босовите сфатија дека меѓусебните војни се лоши за бизнисот.

Нашите сојузници во Европскиот парламент

Баталете ги големите партиски блокови во Европскиот парламент. Сојузниците на Македонија треба да ги бараме во двајца нови парламентарци кои се издвојуваат како наши природни ментори. Бидејќи нашето реално и нивното партиско лудило, си одговараат како братче и сестриче.

Зошто уште се бројат жените убиени во војна?

Телевизиските извештаи од војните често како одделна информација го вклучуваат бројот на жени и деца убиени во судирите. Зад оваа навика стои идејата за ранливоста на жените, која пак потсвесно кај публиката остава впечаток дека жените ретко кога страдаат во војна.

Како Јапонците го "наместија" Нагасаки

На 69-годишнината од фрлањето на атомската бомба, поранешни вработени во железарата во градот Кокура, ја раскажува една од најдобро чуваните тајни од Втората светска војна за тоа како го спасиле градот и неговите жители, но притоа несвесно го жртвуваат Нагасаки.

Нејмар на терен "везе" на аутоматик

Јапонски невролози објаснуваат дека Нејмар воопшто не размислува како игра фудбал, бидејќи пресметале дека кога тој влегува во игра неговата мозочна активност е на помалку од 10% од мозочната активност на аматерски фудбалер.

Трка на издржливите желудници

Освен снага, издржливост и ментална моќ, клучен елемент за барем просечен пласман на Тур де Франс е и прождерливост на ниво на дебел Американец.

Дајте да ги стреламе

По последниот ужас кој на осуден на смртна казна му го приредија затворските власти во Аризона, судија од федералната апелација предлага да се укинат неефикасните смртоносни инјекции и луѓето да бидат ферски ставени пред стрелачки вод.

Дизајнирање оперативен систем за демократија

Отворена веб  мобилна иплатформа која на граѓаните им го олеснува учеството во решавањето на политичките прашања кои ги засегаат. Засега, резултатите се скромни, бидејќи мрзата и незаинтересираноста често се потценети фактори.

Моите ученици не знаат да разговараат

Професор од средно училиште ја споделува приказната како ги фрапирал учениците кога им најавил дека ќе почнат да учат да разговараат.

Зошто дедо ти и баба ти спијат во студена спална

Спиењето само по себе е клучно за доброто здравје, ама сите бенефити можат дополнително да се зголемат кога би си легнувале во студена соба. И лето и зима.

Зошто на угорнина мускулите прават зијан

Додека уште се во низината, спринтерите ги предводат своите тимовите на Тур Д'Франс. Во моментот кога ќе дојде планинската фаза, велосипедистите со поголеми мускули одат во втор план и на чело избиваат коска и кожа возачите. Зошто така?

Сушификејшн

Бидејќи не се разбираат со арно кога им се вика да штедат вода, Калифорнија за граѓаните предвиде фини казни. Ако ти отиде вода од тревникот на тротоар - 500 долари.

Треба ли да се лета со компанија на која скоро ѝ паднал авион?

Се разбира дека секому е шубе, додајте на тоа суеверие и јасно е зошто после фатален инцидент авио компаниите значајно губат патници. Но, дали е ова рационално однесување и како стојат податоците на оваа тема?

За што денес жали Дик Чејни?

Моќникот кој не успеа ни да го предвиди ни да го спречи 11-ти септември а потоа својата земја страсно ја втурна во војна во Ирак денес се кае само за една работа - што заедно со Ирак не бил нападнат и Иран.

Милионер: Па и не е нешто посебно да си милионер

Одговорот е на дечко кој пред да наполни 30 години заработува 15 милиони долари од продажба на својот старт-ап. Тој во основа објаснува: подобро е да си богат отколку да не си, ама не е ни приближно добро како што си замислуваш.

Кога си сиромашен, парите се скапи

Ова е универзална вистина која важи и за земји со средени финансиски институции како што е САД. Што со оние кои се надвор од системот? А нив не ги има малку, ги има повеќе отколку што гласале за Обама. 10 проценти од парите на семејствата кои не се во банкарскиот систем одат на неговата замена. Тоа е исто онолку колку што овие семејства трошат на храна.

Поплаките од кафетеријата на ЦИА

Тоа што работиш со шпиони кои со своите одлуки ја формираат судбината на светот и милиони луѓе, не мора да значи дека таа одлука нема да биде донесена во нервоза затоа што готвачот во менза на криво го погледнал и не бил учтив дента.

Леснотијата на женската убавина

Ја почнува кариерата на 16 години, а сега на 27 манекенката Камерон Расел признава дека се што направила за да биде манекена е што "добила на генетската лотарија."

Како да почнеш да вежбаш пред работа

Целата поента на вежбање рано наутро е за да го тргнеш од распоред и да му се посветиш кога си најсвеж и уште недопрен од дневните активности. Ненамерно, нуспојава на оваа навика е што луѓето кои вежбаат наутро е многу поверојатно да ја задржат својата рутина.

Кога кармата доаѓа како бик од 500 кила

Како што беше очекувано бик прободе човек на трката во Памплона, она што се случува за прв пат во трката е што еден од прободените е човек што буквално има напишано книга за трчањето со бикови.

Глуп како заинатен Американец

Дел од Американците (веројатно истиот дел што има проблем со многу логични работи како наука, климатски промени и сл...) има проблем со активистите кои се за намалување на загадувањето од автомобили. Како и секој проблем и на овој најдобро е да му се пристапи со инает.

Ербас ќе ја вади пилотската кабина од пилотската кабина

Идејата на Ербас е да ги премести пилотите некаде во дното на трупот кај товарниот дел на авионот, од сегашната позиција што ја имаат во носот на авионот. Можно е и селење во опашката од авионот.