Стара финта, нови будали

Крајот на 2014-та го обележа едно трогателно видео за клошар кој купува храна за други изгладнети души. Се јави брат му.

За само една недела, видеото собра 30 милиони прегледи и 130.000 долари во новоотворената фондација "Да му помогнеме на Томас" кои на јунакот во видеото треба да му се обезбедат нов почеток во животот. А видеото вака: човек му дава на клошар 100 долари, па "тајно го снима" мислејќи дека ќе ги потроши парите на алкохол ама овој, душа една мила, наместо тоа, им купува храна на другите клошари.

Сè е лажно во тоа видео, почнувајќи од името. Во меѓувреме се јави брат му на "Томас" кој е всушност Кени, и не е клошар туку седи на пари, меѓу другото и затоа што има наследство од 150.000 долари. Брат му не е сигурен дали Кени свесно учествува во измамата но решил да проговори јавно за да не бидат манипулирани луѓето а пари да се собираат за луѓе на кои навистина им требаат. 

Еден сајт најде и сведок кој се затекнал за време на снимањето на трогателното видео кој исто така потврдил дека приказната изгледала наместена.

3 јануари 2015 - 11:34