Работнички права, НФЛ издание

Како да му тераш инает на цел НФЛ

Мершон Линч е играч на американски фудбал кој неколку пати го имавме како се справува со новинари. Тој е еден од подобрите играчи во НФЛ, ама има сериозни проблеми со лигата и тоа што се бара од него.

Во изминатите две сезони тој е казнет над 100.000 долари заради тоа што не се појавил на прес-конференција по натпревар. Казната за следниот ваков испад му е 500.000 долари.

Под овие околности Линч деновиве присуствуваше на Медиа деј, му беа поставени околу 25 прашања, и на ова тој околу 25 пати одговори "Тука сум само за да не ме казнат."

"Тој многу јасно покажа дека неговото појавување е присилно, и дека НФЛ само до таму може да го присили," пишува Сара Џаф за Вик.

Иако дел од новинарите се жалат на односот на Линч "неучтив и непрофесионален" или "разгалено детиште," анкета меѓу навивачите покажува дека тој е прилично популарен и дека ним им се допаѓа она што го гледаат, "најголемиот дел од луѓето можат да симпатизираат со тоа од нив да се бара со сила да се насмеани и да се преправаат дека се е во ред, само затоа што шефот така рекол. Тие се согласуваат со спортските аналитичари кои тврдат дека со казнувањето на Линч, НФЛ изгледа како само да сака со сила да го натера играчот да им се потчини."

Линч е еден од најдобрите играчи на Сиетл Сихокс, и веројатно најзаслужниот за нивниот успех годинава.

Новинарката потсетува дека иако секој НФЛ играч е задолжен да разговара со новинарите, комесарот на лигата нема таква должност.

29 јануари 2015 - 11:14