Гуитер е само еден од мајсторите кој работи на куќата, и е само еден од мајсторите кого новиот брачен пар прво го преплавува со барања и заповедања за на крај да го отпушти.
Креирајќи го психолошкиот профилот на Гуитер во моментот, Ролинг Стоун магазин објаснува дека електричарот решава за ова (понижување) да му врати на тапанарот со тоа што ќе му го украде сефот. Не знае што точно во сефот (претпоставува дека е полн со оружје и накит), ама знае дека тој е во гаражата.
"Тој нема поим дека сефот исто така содржи и домашно видео кое за него значи ветување за заслепувачко богатство, а притоа и да го уништи животот на Ли. И наместо да му наштети на Ли, тој само помага да се цементира наследството на музичарот, обзнанувајќи му на светот дека тој има еден од најголемите курови во рокенролот," пишува Аманда Луис во текстот за Ролинг Стоун.
Гуитер цело лето 1995-та се подготвувал за грабежот, возејќи до куќата на Ли неколку пати неделно за да набљудува, чекајќи надвор до 3 - 4 наутро. Планот му е прекриен со крзно од тибетански јак сред ноќ да исползи до гаражата (ова ќе му помогне на камера да изгледа како големо бело куче), а за цело тоа време пикапот да го чека паркиран пред куќата (ова не било сомничаво затоа што таму постојано имало паркирани коли).
Во сведоштвото за магазинот Гуитер се обидува да ги сокрие сите свои соработници и затоа целата приказна звучи малку натчовечки. Сепак, официјално, кражбата се случува на 5 дена пред Ноќта на вештерки во 1995-та.
Во 3 часот наутро, тој паркира кај куќата (домаќините се дома и заспани) и заедно со крзното и една количка за носење се префрла преку оградата. Откако ги гаси камерите (кои тој ги инсталирал), Гуитер тврди и дека влегол во спалната на Ли и Памела. По ова тој оди во гаражата каде ја расчистува целата музичка опрема за снимање која била пред сефот. Тука е еден од натчовечките потези кога Гуитер наводно сам преместува цела конзола за снимање тешка стотина килограми, и друга масовна опрема која му се наоѓа на пат. По ова тој го навалува железниот сеф (180х120х90) на приколката, го врзува и го спушта кон портата. Сега следува неверојатниот потег на качување на сефот во пикапот.
Сефот го отвора околу еден час со специјална пила. Негира дека во него нашол четири пушки и автомати, меѓутоа потврдува се останато што Памела и Ли изјавиле дека им е украдено: семејни фотографии, Ролекс, Картие часовник, уште некој накит, белото бикини што Памела го носела на свадбата, и Хај8 видеокасета од рачен камкордер.
Касетата ја зема и ја носи во едно порно студио во Северен Холивуд каде што претходно има работено и ја гледа заедно со газдата, Милтон Инглиј. (Пред да стане електричар има настапено во 75 порно видеа.) Од тука целата работа ја превзема Инглиј, кој прво прави неколку копии од касетата и го топи оригиналот.
Рон Џереми е меѓу првите луѓе со кои Инглиј контактира. Меѓутоа тој брзо сфаќа дека снимката веројатно е украдена и ја одбива понудата. Потоа Инглиј контактира неколку порно компании, меѓутоа сите го одбиваат. Според Гуитер, наводно нив ги контактира богат странец кој нуди милион долари за снимката, ама Инглиј го одбива бидејќи верува дека таа вреди неколку пати повеќе. (Еден од луѓето што го знае Гуитер од времето кога снимал порно за Инглиј, објаснува дека тој "во основа е идиотот на Милтон, дечкото имаше мозок на влекач.")
На крај тој контактира со Луис Пераино, син на босот на едно од њујоршките мафијашки семејства, кој подолго време работи со дистрибуција на порно. Дури ни Пераино официјално не му ја прифаќа касетата, туку наместо тоа му дава на Инглиј околу 50.000 долари што би требало да ја покријат дистрибуцијата на снимката преку интернет. Парите се дадени за камата. (Во овој период околу 25 милиони Американци и 40 милиони луѓе низ светот имаат интернет).
Инглиј четвртина од парите ги дава за да се направат илјадници копии од касетата и да најми човек што ќе му ги направи сајтовите: pamsex.com, pamlee.com и pamsextape.com. На сајтовите го нема видеото, и тие само даваат инструкции за тоа како да се нарача касетата (испраќајќи ја нарачката до њујоршката филијала на една канадска компанија за маички, кои потоа парите ги префрла на сметка во Амстердам). Цена на една касета е 59,95 долари. По ова Инглиј оди во Њујорк за да ужива во остатокот од парите (курви, алкохол, кокаин и апартман во Плаза), а Гуитер се развозува низ Лос Анџелес со пикап полн со касети.
Во исто време еден нов вработен во студиото на Инглиј, Стив Фасанела (измислено име за потребите на статијата), сфаќа дека тој нема да добие дел од заработката и решава да направи сопствени копии од снимката. Тој касетите ги продава од багажник по цена од 175 долари за касета. Тврди дека продал речиси 500 копии (75.000 долари).
Памела и Томи забележуваат дека нешто се случува дури кон средината на јануари 1996-та (три месеци по кражбата), кога најмуваат приватен детектив за да ја разоткрие целата работа. Детективот, Ентони Пеликано, го наоѓа Инглиј кој му признава дека ја има снимката, меѓутоа дека ја купил од дизајнерот за ентериер, Гуерин Свинг.
По ова се развива холивудско сценарио:
- Пеликано упаѓа во домот на Свинг (кој е таму со пријател), го треска од земја и го прашува од каде му е снимката. По кратко време сфаќа дека Свинг нема поим за ништо.
- Фасанела е на работа во студиото на Инглиј, кога од врата упаѓаат 5 или 6 големи моторџии. Со сачмарка нанишанета во тестисите на Фасанела, моторџиите го прашуваат каде е касетата. Тој им објаснува дека тој не е човекот што го бараат, и го цинкари Гуитер.
- Моторџиите неколку дена по ред, понекогаш и два пати на ден, доаѓаат во студиото барајќи ги Гуитер и Инглиј. Секој пат кога ќе ги слушнел моторите, Гуитер се качувал на кров и бегал преку соседниот објект.
- Проблемот на Гуитер е што касетата е веќе толку раширена што тие и да сакаат не можат да ја повлечат. Тој речиси цела година се крие кај еден пријател.
Во меѓувреме до Ли и Памела доаѓа информацијата од Пентхаус дека имаат копија од касетата, ама им било ветено дека нема да објават ниту една фотографија. И покрај ова парот е во паника и поднесува тужба од 10 милиони долари против секој што може да има копија, вклучувајќи го и Пентхаус.
Судот го одбива барањето на брачниот пар за спречување на Пентхаус да не објавува ништо за касетата. Во јуни Памела е на насловната на магазинот, а во него има писмен опис на целта снимка, меѓутоа без ниту една фотографија од неа. Тие и понатаму немаат авторски права од касетата. (Затоа што Ли и Памела сами ја снимале касетата тие и понатаму ги имаат авторските права за неа.)
Во меѓувреме се' му се компликува на Инглиј, од една страна се адвокатите на Ли и Памела, од друга се моторџиите, а се појавува и Пераино кој почнува да прашува кога ќе му биде вратена инвестицијата. Инглиј сето ова го решава со бегање во Холандија, каде што ужива во уште повеќе проститутки и дрога, и само пушта реклами за продажба на касетата по различни интернет форуми и групи.
Продажбата му оди одлично. Гуитер од пикапот ги испраќа сите нарачки, а парите му стигаат Инглиј на сметката во Амстердам. По некое време на интернет се појавуваат и други кои почнуваат да ја продаваат снимката, што полека му го уништува бизнисот на Инглиј. Во меѓувреме Пераино почнува да ги бара своите пари. Инглиј му ја има исплатено основицата, ама уште му должи за камата. Инглиј знае дека Пераино има рак, па математиката му е да издржи колку може повеќе во Европа и да почека тој да умре без да му ја плати каматата.
И покрај сите преплетки на крај снимката ја пушта Сет Варшавски, 25-годишен интернет вундеркинд кој има свој сајт за стримување видео (како и да изгледало тоа во 1997-ма). Видеото го добива од еден свој вработен. Снимката ја пушта на 6-ти ноември на својот сајт Club Love, и таму таа врти цели 5 часа.
Памела и Ли преморени од постојаната битка по судови и со адвокати, решаваат да се помират и да се спогодат со Варшавски за пуштање на снимката на интернет. Тука главниот пропуст на двајцата е претпоставката дека можат да му дозволат на Варшавски да го пушта видеото на интернет, ама не е и да го продава во продавница. Кратко по ова Варшавски прави договор со Стивен Хирш, сопственик на Вивид Ентертејмент, за производство на ВХС, ДВД и ЦД копии. До февруари 1998-ма снимката е отворено достапна во секоја продавница за возрасни во САД.
Инглиј банкротиран се враќа во Калифорнија во 1999-та, по смртта на Пераино. Тој се преселува кај неговата ќерка, каде што починува во 2006-та. Гуитер уште работи како електричар и одгледува марихуана во Калифорнија.
"Беа слатки. Беа заљубени и пар и се забавуваа еден со друг, и мислам дека тоа е одлично. Им љубоморам. Би сакал и јас да имам нешто такво," вели Гуитер за снимката.