Помогни му на Бил Гејтс

Во годишното писмо Бил и Мелинда Гејтс напишаа дека се кладат дека во следните 15 години условите за живот во сиромашните држави ќе се подобрат побрзо од кога било до сега, и во исто време најмногу ќе се подобри животот на најсиромашните. Сега бараат помош за кладбата.

"Го ставаме нашиот кредибилитет, време и пари зад ова тврдење - и ги повикуваме другите да ни се приклучат - бидејќи сметаме дека никогаш немало подобро време за да се забрза прогресот и да се има големо влијание на светот," стои во писмото од брачниот пар, во кое ве повикуваат да станете глобален граѓанин.

Гејтсови признаваат дека не се сигурни околу крајниот исход од справувањето со глобалното затоплување, меѓутоа тврдат дека следните 15 години ќе бидат клучни на оваа тема и период во кој "(еколошките) енергетски извори ќе бидат развиени пред ефектите од глобалното затоплување да станат катастрофални."

Како свое резиме за тоа што сработиле до сега, тие наведуваат успеале морталитетот на децата до 5-годишна возраст да го намалат од 1 починато дете на секои 10, на 1 дете во 20. Со продолжување на работата околу вакцини против пневмонија и дијареја, тие се надеваат дека оваа бројка ќе ја кренат на 1 дете од 40. На тема мајки, во Руанда успеале да го кренат бројот на жени кои се породуваат во болница од 31% во 2005-та, на 72%, додека во Камбоџа растот е од 20 на 57%.

Уште од сега најавуваат дека нема да можат комплетно да ја искоренат маларијата до 2030-та, ама најавуваат дека до тогаш ќе ги имаат потребните алатки. На тема СИДА/ХИВ во следните 15 години очекуваат дека во Африка бројот на луѓе што добиваат терапија ќе го надмине бројот на луѓе што заболуваат.

Писмото на Гејтсови завршува со "приклучете се." Тие објаснуваат дека "проблемот е што тековните трагедии како болестите и сиромаштијата не се појавуваат во вестите. Тие се невидливи за многумина од нас. И затоа никој не се грижи за милиони луѓе."

Нивната дефиниција за глобален граѓанин е дека тоа "не значи да им го посветиш својот живот на помагање а сиромашните, тоа значи да следиш прашање од глобална важност."

24 јануари 2015 - 18:06