Големите пари гледаат црно - бело

Повеќе од кога и да е, Соединететите Американски Држави се во рацете на едно многу богато -  и многу бело! - малцинство.

Во 2012-та година, најголемиот донатор на пари во политичките кампањи дал 1,72 милиони долари. Две години подоцна, влогот се кренал за 33 пати (56,8 милиони). 84 проценти од сите донации биле оние над 200 долари.

А со оглед на неспорната расна дистрибуција на богатството, не е чудно што огромното мнозинство донатори се белци.90 проценти од донациите доаѓаат од тн бели соседства а топ 10-те донатори и кај демократите и кај републиканците се белци.

Ваквата ситуација придонесува кон битни девијации во политичкиот систем бидејќи прашањата како што се буџетскиот дефицит, нееднаквоста или платените боледувања честопати повеќе се прекршуваат по расните отколку по класните линии.

На пример, затворите. Меѓу 1990-та и 2009-та година, популацијата во американските затвори е удвоена. Најголемите приватни затвори имаат потрошено милиони за лобирање построги имигрантски закони, што им носи нова (главно обоена) клиентела.Тоа дебело го документираше и еден истражувачки новинар, покажувајќи колку ова лоби било агресивно, особено во периодот кога се носеле таквите закони.

Една студија од 2006-та година покажа и дека црните политичари собираат помалку пари од нивните бели колеги. Оваа разлика е најочигледна на југот на државата, каде што всушност живеат повеќето афроамериканци.

26 декември 2014 - 09:20