"Тешко е да се претера во значењето што Јужна Кореја му го дава на образованието. Ова е општество во кое мораш да се запишеш во правата градинка, за да можеш да влезеш во правото основно училиште, кое потоа те носи во правото средно училиште и на крај во правиот колеџ. Сето ова, секако, ти ја носи правата работа за што го добиваш и правиот партнер/ка," објаснува Ана Фифилд во Вашингтон пост.
Ча Кил-јонг има сопствен онлајн "хагвон," училиште специјализирано за подготвување на учениците по одреден предмет најчесто за запишување и полагање на приемен испит. Хагвон училиштата во Јужна Кореја се 20 милијарди долари вредна индустрија.
Конкретниов професор по математика го почнува својот хагвон како начин да го отплати докторатот. Моментално неговите онлјан часови ги слушаат околу 300.000 ученици, кои плаќаат по 39 долари за курс од 20 часа (традиционалните хагвон училишта наплаќаат и до 600 долари за еден курс).
Човекот има статус на ѕвезда во Јужна Кореја. Пред некое време сними дует со една од најпопуларните актерки во земјата, постојано е на тв реклами како заштитно лице за најразлични производи, има свој бренд на столици (кои наводно помагаат подобро да се учи), а пред секој приемен како специјален гостин посетува дел од училиштата за да ги охрабри децата што полагаат дента.
Во меѓувреме дел од јавноста и политичарите имаат сериозен проблем со навлеченоста и фетишизирањето на учењето во земјата, стравувајќи дека тоа ќе удри на креативноста, карактерот и критичкото мислење на учениците, "хагвон се сведува на механичко учење и памтење."