Врвот на сообраќајните жртви Шведска го доживува во 70-тите години кога решава да се справи со овој проблем, промовирајќи го во 1977-ма планот "Визија Нула". Благодарејќи на паметниот план и неговото ефикасно спроведување, до 2.000. година успеале да го преполоват бројот на жртви во сообраќајни несреќи а во 2012-та, на улица загинало само едно дете помало од 7 години. Во 1970-та имало 58 жртви на таа возраст.
Иако денес и бројот на автомобили во оптек и вкупната мината километража е удвоена од состојбата во 70-тите, во 2013-та на улиците на Шведска загинале вкупно 264 лица, рекордно низок биланс во целата нејзина историја.
На 100.000 жители во Шведска гинат тројца, во ЕУ 5,5, во Македонија 7,9 а во САД 11,4 лица.
"Многу поголемо внимание му посветивме на инжинерството а помалку на казнената политика," вели владиниот стратег за сообраќајна безбедност Матс Аке Белин.
Шведска ги има преправено патиштата приоритетизирајќи ја нивната безбедност на штета на брзината. Тоа подразбира масовно правење 2+1 патишта (правецот на третата лента се менува на неколку километри за да се дозволи претекнување и да се избегне правење колони). Според Екононимст, ваквиот дизајн спасувал околу 145 животи во првите десет години од спроведувањето на Визија нула.
Истовремено Шведска создала 12.600 побезбедни пешачки премини со сите можни елементи за предупредување и намалување на брзината. Тоа го има преполовено бројот на жртвите меѓу пешаците. Истовремено, намалена е максималната брзина во градовите, правени се бариери за заштита на велосипедисти и темелно се требени пијаните возачи.
И Њујорк пробува да го копира шведскиот модел со сопствен "План нула" и не е без резултати. Градот никогаш порано не бил сообраќајно побезбеден од денес а во 2014-та е забележан рекордно низок број на сообраќајни жртви.