Маж од Масечусетс оди да раситни 100 долари во локална продавница во Бостон. Купува две грепки. Едната е добитна, со премија од 10 милиони долари.
Мажот (кој за добивката ја известил и сопствената сопруга), се одлучил на еднократна исплата, која (минус данокот) ќе изнесува 6,5 милиони долари.
На Ричард Нол му требало да ги раситни 100-те долари за да може да купи сендвич за ручек, па ги купува двете грепки. Продавницата од каде што ги купил ќе добие бонус од 50.000 долари, за продавање на добитната грепка.
Нол со парите сака да купи куќа, нешто малку да инвестира и да ја однесе внуката во Дизниленд.