Мааџид Наваз е роден и пораснат во Англија, во семејство кое припаѓало на средната класа. Растењето на своите врсници во Есекс го опишува како постојана битка меѓу пакистанскиот и британскиот идентитет на тие млади луѓе. Вели, гневот кај себе го собрал со помош на рап музиката, не заради Куранот. Главната причина заради која застранил во исламистички екстремизам била војната во Босна и судбината на босанските муслимани.
Бива регрутиран од глобалната радикална организација Хизб ут Тахрир која се бори за обединување на ситe муслимани во светот во една држава калифат. Десетина години е сериозно важен човек таму, задолжен за ширење на идеологијата и набавка на нови членови. Од Кембриџ, од Пакистан, од Данска....
Но, во Египет бива уапсен и лежи 4 години затвор. Во затворот се дружи со христијани, педери, политички затвореници и тоа му ги проширува хоризонтите. Кога излегува, решава комплетно да ја смени својата животна насока, ја напушта организацијата, се разведува од сопругата која е активист во неа и формира контра екстремистичка организација.
Во едно скорешно интервју за калифорниското радио KPCC (за жал, немаме линк од емисијата) изјавил дека во моментов не е најважен судирот Запад - Ислам, туку војната во самиот исламски свет, бидејќи на голем дел од муслиманите им се живее нормално, ама не смеат да кажат. И уште еден детал од неговото опсервирање на светот на религиозните екстремисти - сексот. Поточно недостатокот од него. "Знам по себе бидејќи имав богат сексуален живот пред да им се придружам и знам колку тоа подоцна ми фалеше. А добар дел од соборците не ни имаа пробано, така да беа комплетно слудени", вели Наваз. I guess what? Во египетскиот затвор фатил да ја чита 1984-та од Орвел. Денес тврди дека ако исламистите дојдат на власт, ќе се однесуваат како свињите во таа книга и дека меѓусебно ќе се потепаат како Сталин и Троцки.
Едно негово предавање на ТЕД на тема "Како се предомислува еден муслимански екстремист":