Во еден од случаите, банда од градот Лулианг го мести приемниот испит за полициска академија и запишува 15 свои членови како кадети во академијата, по што тие ја продолжуваат кариерата како полицајци во градот и низ провинцијата Шанкси.
Во 18 случаи "кртиците" ги предупредиле своите банди (кои најчесто работат како рекетари) за да ја избегнат полицијата. Во извештајот објавен во магазинот Каиџинг, има повеќе случаи во кои бизнисмени соработувале со локалните гангстери кои имале свои луѓе што стигнале до полициски началници или пак имале други врски со власта.
Бандите од провинцијата Шанкси (пребогата со јаглен и богаташи од јаглен) разработиле шема во која им се закачуваат на локалните директори и богаташи од индустријата за јаглен и се трудат да им организираат патување до казината во Макао, плус сместување, жени и се' друго што ќе побараат. Бизнис моделот почнува да им се исплати на бандите кога гостите ќе заглават во казино и ќе почнат да позајмуваат. Овие пари се даваат со високи дневни камати.
Од 2006-та во Шанкси се спроведени 14 големи истраги за корупција, кои не успеале заради вмешаноста на мафијата во државните агенции и полицијата.