Рускиот експерт за вселенски политики и ракетни системи, Јури Караш, објаснува дека вселенската станица никогаш не било ни планирано да биде економски исплатлива, ама проблемот е што сега веќе не е ни научно исплатлива.
"Немаме ништо ново што да правиме во оваа орбита. Или на Месечината, кога веќе збориме. 12 Американци веќе беа таму и донесоа 400 килограми камења и земја. Денес треба да одиме само напред и тоа значи Марс," изјавил Караш.
Почетниот план за станицата е дека таа треба да биде само една од точките од каде што човештвото ќе ја освојува вселената, место на кое ќе работат стотици инженери и ќе се составуваат вселенски бродови за подолги летови.
САД изјавија дека се подготвени да ја одржуваат станицата во работна состојба и по 2020-та, кога Русија планира да го напушти проектот. Според експертите ова е речиси невозможно бидејќи за да им успее одржувањето тие ќе треба да научат да ја користат руската технологија, што само по себе е невозможно.
Рускиот заменик премиер, задолжен за вселенската програма, Дмитри Рогозин, е уверен дека треба да се изгради нова станица. Моментални руски приоритети (околу вселената) се: лансирање на две летала кои ќе слетаат на месечината и еден сателит во следните 5 години. Третиот приоритет на Рогозин е патот до Марс.
Руските процени се дека Американците прават стратешка пауза околу вселената и чекаат да видат како ќе се развијат приватните вселенски иницијативи, посебно СпејсИкс на Елон Муск. Според Русите, Муск би требало да биде готов за 2 до 3 години.