Во гратчето од околу 500 жители на посета оди фотографот од Нов Зеланд, Амос Чепл. Во Ојмјакон авион не може да слета зимно време, па затоа се лета до Јакуткс од каде се патува со кола. Од Јакутск до Ојмјакон има околу 930 километри. Овие 930 километри се минуваат за околу два дена.
Кога Чепл стигнува таму начекува натпросечно топло време од околу -30 степени. Во февруари 1933-та кога Ојмјакон ја добива титулата на најстудено населено место на светот, се измерени -68 степени Целзиусови.
Најголем дел од куќите имаат полски тоалети затоа што водоводот најчесто замрзнува зимно време. Автомобилите се чуваат во загреани гаражи или се оставаат нон-стоп да работат (затоа што ако угасат нема палење), а затоа што немаат каде да садат било што исхраната им се базира на месо.
Чепл открива и дека е прилично тешко да разговараш со луѓето што ќе ги сретнеш, затоа што сите брзаат да одат од едно на друго затоплено место.