Човечката борба за Катар да биде спремен за Мундијал

Три-четвртини од популацијата на Катар отпаѓа на странски работници, а во работната сила гурбетџиите се побројни од локалците со 20 спрема 1. Сите овие работат во земјата под кафала системот за спонзорство - според кој работодавците ги поседуваат работниците и одлучуваат дали тие можат да ја напуштат земјата.

Откако Гардијан во 2013-та спроведе истрага за злоупотреба на човечките права на работниците во Катар, тамошните власти постојано се обидуваат да покажат дека менуваат нешто. Тие признаваат дека имало "грешки и проблеми," објаснувајќи дека "многу сериозно работат на подобрување на ситуацијата."

Во последните 18 месеци воведени се комплет стандарди за заштита на мигрантските работници кои се прифатени и воведени од сите големи клиенти на државата. Во овој пакет влегува покривање на вработувањето, транспорт, храна, сместува, здравје и безбедност. Меѓутоа и по признание на самите власти сите овие промени се одвиваат бавно, според низ заради објективни фактори и целата поставеност на системот.

За критичарите на кафала системот, ама баш ништо не е променето. Никој не ги почитува човековите права, за нив е разумно да поседуваат друго човечко суштество, работниците добиваат половина од парите што им се ветени.

Во декември 2014-та, Гардијан објави дека во Катар на секои два дена загинува или умира по еден градежник од Непал што работи на изградба на инфраструктурата за Мундијалот 2022-ра. Катар призна дека во периодот 2012-2013 загинале 964 работници од Непал, Индија и Бангладеш, додека работеле во земјата. Процените на индиските и непалските власти се дека до почетокот на првиот натпревар на Мундијалот, во Катар ќе загинат околу 4.000 работници.

25 февруари 2015 - 10:12