
1. Компании за снабдување со храна. Корпорацијата Арамарк носи храна на 600 затвори во Северна Америка. Профитите на корпорацијата растат и покрај тоа што во 2014-та беше казнета со околу 300.000 долари за прекршоци како недоволно испорачани оброци, нехигиенски услови (црви во храната) и шверцување на недозволени производи во затворите од страна на вработените на Арамарк. Наспроти оваа казна е 3-годишниот договор што тие го потпишаа со Мичиген во 2013-та на сума од 145 милиони долари.
2. Телекомуникации. Глобал Тел Линк е компанијата која го има монополот на телекомуникации во голем број од затворите. Од овие договори нивните годишни профити се проценуваат на околу 500 милиони долари. Затворската тарифа е 1,13 долари за минута за да ти се јави затвореник на твоја сметка.
3. Здравствено осигурување. Коризон, компанијата која што е специјализирана за здравствена заштита во затворите се проценува дека годишно заработува околу 1,4 милијарди долари. Приходите се и покрај тоа што лошо ја врши работата.
4. Телемаркетинг и телефонски центри. Дел од американските компании што ги немаат преселено своите телефонски центри во Индија, Филипините, Хондурас, имаат најдено уште поевтина работна рака. Во 2004-та УСА Тудеј објавува дека околу 2.000 затвореници во САД работат во телефонски центри. Во еден од затворите што го истражиле, платата на затворениците била меѓу 120 и 185 долари месечно, за 8-часовна работна недела.
5. Текстил. Во затворите се произведува се' од канцелариски мебел и постелнина, до лавабо, тоалети и облека. И тоа секаква облека. Во 90-те дел од затворите произведуваа и долна облека за Викторијас Сикрет.
6. Технологија. Производството на технологија се пресели од САД во Пакистан, Бангладеш и Кина. Некои корпорации решија да не ги аутсорсираат работните места во странство туку во затворите, каде најниската плата е околу 35 центи на час.
7. Индустрија за кауции. Индустрија на позајмици за плаќање кауција има годишни приходи од околу 2 милијарди долари. Во 1992-ра просечната кауција изнесувала 39.800 долари, во 2006-та таа е 89.900.
8. Производство и пакување на храна. Само во Калифорнија затворениците годишно обработуваат над "308 тони говедско, 181 тон пилешко, 280.000 векни леб и 2,9 милиони јајца."
9. Земјоделство. Затоа што не може да ангажираат нелегални имигранти од Мексико, земјоделците почнуваат да ангажираат затвореници за работа на нива. И ова се случува низ цел САД.