Прв пат синовите биле издадени кога биле на возраст меѓу 16 и 13 години, само 10 месеци по смртта на принцезата Дијана, а "макијавелистички лик во центарот на документарецот на БиБиСи" е Марк Боланд, најверниот соработник на Принцот е Велс во период од седум години.
Првично објавувањето на документарецот било спречено од страна на адвокатите на кралското семејство, и тој бил одложен со "меѓусебна согласност."
Целата борба по смртта на Дијана била да се смири гневот на народот кон принцот за кој се знаеше дека е константно неверен кон мајката на неговите деца и кој изгледаше како да не е погоден од смртта на принцезата. Целта на Боланд во овој период е по секоја цена да го смени имиџот на својот претпоставен, без разлика кога треба да жртвува.
Боланд е обвинет дека помогнал во пишувањето на книга во која принцезата Дијана е опишана како сериска прељубница со проблеми со менталното здравје, како и дозвола за пуштање на вест во Њуз оф д ворлд дека принцот Хари користел дрога, во замена за пофален едиторијал за принцот Чарлс.
Документарецот зборува и за сторијата во весникот Сан, каде детално е опишана првата средба на принцот Вилијам, со љубовницата на Чарлс, Камила Паркер. Се случува во 1998-ма, кога Вилијам има 16 години. Сторијата го има секој момент од овој чин, а според сведоштвото од новинарот на Сан, целата сторија заедно со деталите им се дадени од Боланд.
По Вилијам, на ред доаѓа Хари, кого Боланд им го продава на Њуз оф д Ворлд со "обвинение" дека пушел марихуана.
Од целата операција на Боланд му прекипува на кралското семејство и во 2002-ра, по интервенција на Кралицата, тој добива отказ од Чарлс.